13.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Низа инциденти со подметнување пожар на возила во Солун и во Атина

Најчитани вести

Околу четири часот утрово непознати лица подметнале пожар на седум паркирани автомобили во центарот на Атина, а сличен инцидент бил регистриран и во Солун, каде се потпалени три возила, јави дописничката на МИА од Атина.

Во грчката престолнина, непознати лица полиле со запалива течност седум автомобили паркирани во близина на Амбасадата на САД. Едно возило целосно изгорело, додека пак останатите претрпеле материјална штета. Противпожарната служба со девет пожарникари и три возила интервенирала во гаснењето на пожарот.

Во Атина бил регистриран уште еден случај на запалено возило во западниот дел на градот.

Сличен инцидент се случил и во Солун, кога по четири часот утрово, непознати лица подметнале пожар на возила паркирани пред претставништво за автомобили.

Во текот на ноќта, освен запалените автомобили, била регистрирана и мала експлозија во Атина, кога непознати лица поставиле рачно изработен експлозивен механизам пред осигурителна компанија. Била предизвикана материјална штета.

Се уште нема информации дали низата напади се меѓусебно поврзани.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com