Home » Ниеден нов случај на заболен од Ковид-19 во Косово по подолго време

Ниеден нов случај на заболен од Ковид-19 во Косово по подолго време

by Журнал.мк

Во Косово во изминатите 24 часа не е забележан ниту еден нов случај на заболен од Ковид-19, што е прв таков ден речиси од самиот почеток на пандемијата пред повеќе од две години, јави дописникот на МИА од Приштина.

Министерството за здравство во својот редовен деневен извештај информира дека вчера се извршени 469 тестирања со методот РТ-ПЦР, како и дека во истиот период не е забележан ниту еден смртен случај како последица на заразата.

Откако вчера се регистрирани и 28 лица кои ја совладале болеста, официјалната бројка на активни носители на вирусот сега, исто така, по подолго време, е двоцифрена и изнесува 75.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More