33.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Нигериски министер: Не бидете кукавици, спротивставете се; јавноста бесна

Најчитани вести

Министерот за одбрана на Нигерија денеска предизвика големи критики во јавноста, откако ги повика сограѓаните да не бидат „кукавици“ и да им се спротивставуваат на вооружените разбојници, во момент кога безбедносните сили започнаа операција за спасување на 42 лица, кои неделава беа киднапирани од еден интернат.

Изјавата што предизвика гнев на јавноста на даде министерот Башир Салихи Магаши, пензиониран мајор откако беа киднапирани 42 лица, вклучително и 27 средношколци во областа Кагар во нигериската сојузна држава Нигер.

Во тек е голема потрага во која учествуваат полицијата, армијата со хеликоптери и разузнавачките служби.

Властите веруваат дека нападот го извршиле „разбојници“, како што ги нарекуваат вооружени банди кои често напаѓаат луѓе и ги киднапираат заради откуп.

Министерот за одбрана, зборувајќи за овие банди пред новинарите рече: Не треба да бидеме кукавици.

– Не знам зошто луѓето бегаат од толку мали, мали работи. Тие треба да се спротивстават. Нека им покажат на овие луѓе дека дури и селаните можат да се бранат себе си“. На тој начин предизвика големи критики.

– Луѓето не можат да се бранат со голи раце од разбојници кои имаат сè пософистицирано оружје, изјави портпаролот на Амнести Интернешнл Иса Сануси.

Тој рече дека властите имаат должност да штитат животи и имот и не треба да ги обвинуваат луѓето за она што им се случува.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести