27.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Не фрлајте пари на средства за миење садови! Сами направете детергент кој чисти ефикасно, а заштедува многу пари

Најчитани вести

Ако имате машина за миење садови, тогаш знаете дека таблетите за овој уред не се воопшто ефтини. Кога се на продажба, чинат до 1.200 денари. Вредните домаќинки откриле трик како да заштедите и на оваа алатка. Едноставно, направете ги сами! Тие споделија проверен рецепт за правење таблети за миење садови на социјалните мрежи. Постапката е многу едноставна, производот е ефикасен, и што е најважно, заштедите се огромни!

РЕЦЕПТ

Состојки: 1 чаша сол 1/2 чаша лимунтус 1/2 чаша сода бикарбона малку дестилирана вода, есенцијални масла од лимон или некој друг цитрус по желба по избор, рендана кора од лимон

Подготовка: Измешајте суви состојки. Посипете со дестилирана вода додека не се добие лабава смеса како тесто. Додадете есенцијални масла кои освен што даваат убав мирис, ги отстрануваат и маснотиите, како што е ренданата кора од лимон. Истурете сè во силиконски или пластични калапи за да направите коцки мраз. Оставете да отстои 2-3 часа да се стегне. Ако немате калапи, можете рамномерно да ја дистрибуирате смесата на послужавникот, да ја притиснете со прстите и веднаш да ја исечете на парчиња според димензиите што се вклопуваат во машината.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести