Високиот крвен притисок или хипертензија може да предизвика опасна состојба како срцев удар. Многу луѓе кои страдаат од висок крвен притисок често не чувствуваат никакви симптоми, затоа експертите советуваат лицата постари од 40 години редовно да мерат крвен притисок и да се информираат дали постојат генетски предиспозиции за хипертензија.
Експертите истакнуваат дека најчести фактори за добивање висок притисок се дијабетес тип 1 и 2, дебелина и консумирање храна која содржи многу сол.
Исто така, секундарна хипертензија се случува поради болести на бубрезите и хормонален дисбаланс.
Експертите истакнуваат дека солта треба да се ограничи на 6 г дневно за да го намалите крвниот притисок, треба да јадете повеќе овошје и зеленчук, да бидете физички активни и избегнувате алкохол. Се препорачува помало внесување на кофеин, избегнување пушење цигари и најмалку 6 часа сон.
Високиот крвен притисок може да предизвика опасни заболувања, па дури и да доведе до смртоносен срцев удар.
Ако страдате од висок крвен притисок, избегнувајте храна која содржи многу сол. Солта често е „скриена“ во преработена храна како леб, житарки, се истакнува дека особено треба да избегнувате замрзната пица.
За да го регулирате крвниот притисок на природен начин потребно е да јадете зеленчук кој содржи доста калиум, магнезиум, влакна, а да избегнувате храна која содржи многу натриум.
Калиумот помага да го исфрлите вишокот натриум преку урина и така се намалува ризикот од висок притисок.
Пет вида зеленчук успешно го намалуваат притисокот: зелена салата, кељ, спанаќ, зелје и штавел.