28.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Не се знае кога ќе се реализира гласањето за пакетот антикризни закони за Ковид-19

Најчитани вести

Не се знае кога ќе се реализира гласањето за пакетот антикризни закони за Ковид-19, поднесени над три илјади амандмани.

На Собранието ќе му биде потребно уште време за да ги донесе трите закони од петиот пакет антикризни мерки за Ковид-19, бидејќи пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива ја реализира најавата и достави 3000 амандмани на вчерашната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Претседателот на ова собраниско тело Тимчо Муцунски, на седнницата информирал дека се поднесени амандманите и соопштил дека тие ќе бидат се проследени на превод на албански јазик, по што Комисијата повторно ќе се состане. Тоа, според информации од Собранието, би можело да се случи по неколку дена. Бидејќи законите се по скратена постапка, расправата по амандманите е предвидено да трае само три дена, а потоа законите би можеле да се изгласаат на пленарна седница.

Комисијата за финансирање и буџет беше закажана откако вчера беше постигнат договор помеѓу пратениците кои го изгласаа дневниот ред на 36. седница, а по предлог на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, се договорија да ги повлечат сите точки и да расправаат само за трите закони од петтиот пакет антикризни мерки, како и за Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија. И за оваа одлука пратениците од АА и Алтернатива имаат поднесено околу 400 амандамни кои од Комисијата за одбрана се дадени на превод.

-Очигледно дијалогот вроди со плод, за да бидеме конзистентни кон 12.000 компании и физичките лица кои вршат самостојна дејност, барам од пратениците да го поддржат предлогот што го даваме неколку дена – за итна помош на компаниите по основ на петтиот пакет мерки. Имаме на оваа седница и наши точки, но подготвени сме да ги одложиме за да поминат овие, за економските мерки. Затоа барам поддршка, за граѓаните да не го гледаат овој театар. Сите точки од дневниот ред да се повлечат и да останат одлуката за кризна состојба, точката за поддршка на физички лица, Предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите, како и Предлог-зконот за изменување на Законот за личен доход по скратена постапка. Потоа очекуваме да се закаже и Комисија за финансирање и буџет и да престанеме да бидеме здодевни со нашите игри, истакна Мицевски, образложувајќи го предлогот.

Спикерот Џафери пред да го стави предлогот на гласање, рече дека работите и нештата за функционирање на Собранието треба да се одвиваат внатре, во Законодавниот дом, а не надвор.

-Останав конзистен на фактот дека процедурите подразбираат одлука на пленумот, а не моја волја. Се што зависи од мене лично ќе биде спрoведено во полза на интересот на Собранието, а по ваш избор, подвлече Џафери.

За збор процедурално се јави и координаторот на СДСМ, Јован Митревски со забелешка дека ВМРО-ДПМНЕ можела да ги повлече од неа поднесените точки, а на да бара сега нивно повлекување.

-Сакам да изразам жалење за професионалните војници, за здравствените работници, за Законот за служба во АРМ кој предвидува 25.000 евра отпремнина, што ќе мора да почекаат, рече Митревски.

Владејачкото мнозинство во Собранието има 62 пратеници, а двајца од нив беа позитивни на Ковид-19. Без опозицијата мнозинството нема кворум за работа и не може да носи закони. Мнозинството го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ на 36. седница да бидат разгледни само тие четири точки, а тие да направат кворум за да можат антикризните мерки да се реализираат што поскоро. Меѓутоа, поради блокадата на Законот за државјанства од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, пратеничката група на Алијансата на Албанците и Алтернатива ги блокира овие закони со околу 3.000 амандмани, како и одлуката за продолжување на кризната состојба со околу 400 амандмани, но и 20 други закони со над 32.000 амандмани.

Постигнатиот договор на парламентарните партии го поздрави и лидерот на опозоцијата Христијан Мицкоски.

– Добро е што владејачкото мнозинство го прифати предлогот што го дадов вчера за приоритетно гласање на четирите закони за помош на стопанството и граѓаните, иако таа поддршка е мала и до сега недоволна. Се покажа дека власта има мнозинство само да си го продолжи својот мандат, но не и да носи закони за граѓаните. Ова е разликата помеѓу борбата за лични интереси која ја застапуваат борците за провизии од власта, и борбата за интересите на граѓаните на чија страна ќе бидеме секогаш, напиша на Фејсбук Мицкоски.

Во Собранието вчера се одржа и седница за поставување пратенички прашања, чиј почеток доцнеше поради догворите за 36. седница. Претседателот на Собранието Џафери во тоа меѓув време имаше куса средба со премиерот Зоран Заев, на која се разговарало за сите процедурални аспекти на функционирањето на Собранието.

-Наша заедничка констатација е дека парламентарната дебата останува во Собранието помеѓу пратеничките групи и претставниците на политичките партии и тука треба да продолжи и да се изнајде соодветно процедурално решение за продолжување на работата на Собранието. Тоа е така затоа што, наша заедничка констатација е дека Собранието е институција на граѓаните и е подеднаква обврска како на пратениците од власта, така и на пратениците од опозицијата, во контекст на учеството во работата на Собранието согласно Деловникот за работа. Со надеж дека ќе продолжиме со редовните и ад хок координации, мислам дека ќе ги најдеме потребните заеднички решенија во корист на граѓаните, за да продолжи со работа Собранието и да ги исполни барањата на граѓаните во контекст на кризата и последиците од кризата врз животот на граѓаните воопшто, соопштија од собраниската прес-служба.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести