17.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Не сакаат во пензија: Шест илјади граѓани над 64 години продолжиле да работат

Најчитани вести

Шест илјади граѓани над 64 години возраст, согласно важечкото законско решение, продолжиле да работат, наместо да одат во пензија и на нивно место да дојдат млади и компетентни кадри. Новото законско решение што требаше да биде донесено предвидува продолжувањето до 67 години да важи единствено во здравството и во високото образование, ако има недостиг од кадар, рече министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Таму каде што, согласно реформите во јавната администрација, нема потреба од кадар, рече таа во емисијата „Топ тема” на ТВ Телма, тие места нема ни да се пополнат.

– Адиминистративците треба да одат на 64 години, општеството нема потреба класичните административци да продолжат да работат, рече Шахпаска.

Посочи дека законот кој сè уште не е изгласан предвидува одење во пензија на 64 години и 15 години стаж, а жените можат да одат во пензија и со 62 години, доколку за тоа изразат волја,  согласно со Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

За пензионирањето во приватниот сектор, министерката рече дека е предмет на договор меѓу работникот и работодавецот. Доколку во реалниот сектор некој работодавец има потреба, работникот може да ја стави во мирување својата пензија и да биде ангажиран доколку  сака. Тоа е индивидуално право, додаде Шахпаска, но е многу мал бројот на луѓе во реалниот сектор односно се работи за исклучоци кои сакаат да продолжат да работат по 64 години.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести