9.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Не планирав државен удар во случај да победи Бајден, се брани Трамп по последните обвинувања

Најчитани вести

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги отфрли последните тврдења дека планирал државен удар во случај на победа на ривалот Џо Бајден на ланските претседателски избори.

– И покрај масовните измами и нерегуларности за време на претседателските избори во 2020 година, никогаш никому не сум се заканил, ниту сум разговарал со некого за државен удар, напиша поранешниот претседател на Телеграм.

Трамп го исмеа претседателот на Советот на здружените генералштабови на вооружените сили на САД, генералот Марк Мили, кој наводно ги изнел таквите обвинувања.

Според него, Мили би бил последната личност со која би извршил военудар, доколку некогаш сака на таков начин да дојде на власт, додавајќи дека никогаш немал такви намери.

Си Ен Ен претходно објави извадоци од сè уште необјавената книга на репортерите на „Вашингтон Пост“, Керол Леониг и Филип Ракер, „Можам сам да се изборам“, во која се тврди дека Мили и други високи воени функционери подготвиле неформални планови за да им се спротивстават на обидите на Трамп и неговиот сојузници да извршат државен удар.

Трамп, пред да му биде забранет пристапот на најголемите социјални мрежи, јавно тврдеше дека претседателските избори во 2020 година се украдени и дека го победил Џо Бајден, а во твитовите на денот на упадот во Конгресот, помалку или повеќе отворено ги повикуваше насобраните симпатизери „да ја одбранат државата“, насочувајќи ги, меѓу другите, и против потпретседателот Мајк Пенс.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести