15.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Не одеа на работа, ама пратениците за патни трошоци „лапнале“ 193.000 евра

Најчитани вести

Откако пред девет месеци станаа пратеници, а поради пандемијата не одеа на работа, од државата искеширале 193.000 евра за патни трошоци.

Порталот „СДК“ кој ги добил податоците од собраниското сметководство нотира дека само за месеците февруари, март и април во кои, впрочем, Собранието беше најмалку активно – народните избраници по оваа ставка „ќариле“ 73.000 евра.

Од топ 10-те пратеници кои најмногу ја истрошиле државната каса, рекордот го држи Дајанчо Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ кој од август лани до април годинава земал 7.620 евра. По него е неговиот сопартијец Петар Ристески со 7.278 евра за патни трошоци. Нешто помала сума, 7.174 евра, подигнал и пратеникот на Алијанса за Албанци, Сурија Рашиди.

Следуваат и пратеничките Јадранка Поцкова и Ангелинка Петкова од ВМРО-ДПМНЕ со 6.131 односно 5.800 евра за патни трошоци, потоа сопартијките од СДСМ Соња Михаиловска и Драгица Ѓавочанова со по околу 5.200 евра. Помеѓу 4.200 и 4.800 евра земале и Миле Лефков и Зоранчо Јованчев од најголемата опозициска партија, како и Панчо Минов од владината коалиција.

Интересно е што најголемите суми по човек се исплатени во месец април – кога голем дел од пратениците ставаа потпис, а не влегуваа во сала да гласаат.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести