22.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Не наседнувајте на разни „заговори“: 5 причини зошто треба задолжително да јадете леб

Најчитани вести

Во последните неколку години, лебот е прогласен за еден од главните виновници за дебелината, а диетите кои подразбираат исфрлање на лебот од исхраната станаа многу популарни.

Но, не наседнувајте на разните „заговори“ против лебот – еве зошто е важно да го јадете.

Ќе имате повеќе енергија

Лебот содржи јаглехидрати, но нутриционистот Дон Џексон Блатнер истакнува дека тоа не значи нужно дека е лош за вас. Тој советува да го намалите внесот на белиот леб кој е претерано обработен и не содржи хранливи влакна, а го подигнува нивото на шеќерот во крвта, но затоа смета дека треба да консумирате интегрален леб.

„Оваа верзија на лебот е помалку обработена и содржи хранливи влакна“, вели Блатнер.

Ќе бидете поздрави

Истражување спроведено во 2016 година покажува дека јаглехидратите кои содржат цели житарици добро делуваат на општото здравје и го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни и хронични болести.

Ќе бидете посреќни

Јаглехидратите го зголемуваат нивото на серотонин, хормон кој влијае на расположението. На овој начин ќе го намалите стресот и анксиозноста, што е исто така важно за одржување на витката линија.

Можете да ослабнете

Интегралниот леб е полн со хранливи влакна, поради што подолго време ќе бидете сити, а со самото тоа и помалку ќе јадете. Бидејќи станува збор за сложени јаглехидрати, тие побавно се разложуваат во телото, а со тоа шеќерот не осцилира и немате апетит за нешто слатко.

Ќе ја регулирате работата на цревата

Хранливите влакна се исто така важни за нормалната работа на цревата. Целите житарици ќе ѝ помогнат на храната да се движи низ цревата со константна брзина, така што редовно ќе ги празните и со тоа ќе се ослободувате од токсините од организмот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести