Холандскиот фудбалски гигант Ајакс ја продолжи соработката со својот капитен Душан Тадиќ.
Српскиот интернационалец се поврзуваше со преселба во калчолигашот Милан, ама до тоа дефинитивно нема да дојде и најдобриот доказ е последниот потег, останувањето во Амстердам најмалку до 30 јуни 2024 година.
-Не е тајна дека Душан игра многу важна улога за тимот. И на теренот и надвор од него, тој е вистински лидер. Значи, фантастично е што можеме да го задржиме во Ајакс уште подолго. Фитнесот на Душан е одличен и тој ќе има голема вредност за Ајакс во следните години, -порача директорот, Марк Овермарс.
Душан од 2018 година е дел од Ајакс, клуб во кој пристигна од премиерлигашот Саутемптон. Досега има одиграно 149 мечеви и дадено 76 голови, минатата сезона беше прогласен за најдобар играч во Холандија.