10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

Не може да возите кола од 50 илјдаи евра, да имате 5 стана и да не ви може никој ништо, вели Николовски

Најчитани вести

За прват по 1974 ќе донесеме законска рамка да има закон за потекло на имот никој да не се богати на грбот на граѓаните и ги ослободуваме сите слабости на институциите при конфискацијата и поделбата на нелегално стекнатиот имот. Досега видовме дека управните постаки за жал се неуспешни, ДКСК на пример досега нема ниту една постапка во која е запленет некаков нелегално стекнат имот, рече во гостувањето на тв 21, вицепремиерот за борба против корупција и криминал Љупчо Николовски.

Вицепремиерот за борба против корупција посочи дека овој закон ќе важи за сите граѓани тоа значи и поранешни функционери, поточно сите кои имаат имот или пари во вредност од над 30.000 евра и немаат доказ за неговото потекло ќе се врши проверка, а тоа ќе ги ги демотивира граѓаните на нивно име да се впишува имот на туѓо име особено на функционери.

-Не може да возите кола од 50 илјдаи евра, да имате 5 стана или викендици и да не ви може никој ништо. Кривичните постапки не се ефекртивни нема конфискација, ДКСК нема ниту една конфискација, УЈП не успеала да го процесуира тоа. Како генерација сме различни и достојни и ќе држиме до целта. Закоското решение се изработува на база на јасна физибилити студија и се спроведува во 10 тина земји, не бараме нови ингеренции туку законско решение за никој да не се збогатува на грбот на граѓаните, рече тој.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com