Енис Барди постигна два гола на своето деби во турската Суперлига.
За Трабзонспор Барди дебитираше во плеј-офот од Лигата на шампионите, а вчера го одигра својот прв натпревар во Турција и постигна два гола во поразот на актуелниот турски шампион.
Македонскиот репрезентативец натпреварот го започна од клупата и во игра влезе во 43. минута и неколку минути подоцна во судиското продолжение се запиша во листата на стрелци.
Уште еден гол Барди постигна во 73. минута кога го изедначи резултатот на 2:2, сепак до крајот Анталијаспор постигна три гола и победи со 5:2.