Home » „НЕ“ ЗА НАСТАП НА МУНДИЈАЛОТ Половина од Германиците се против нивната земја да игра во Катар

„НЕ“ ЗА НАСТАП НА МУНДИЈАЛОТ Половина од Германиците се против нивната земја да игра во Катар

by Журнал.мк

Половина Германци се против организацијата на Светското првенство во 2022 година во Катар. Според истражувањето на британската компанија за меѓународно истражување на пазарот и анализа на податоци „YouGov“, 48 % од Германците сметаат дека нивната репрезентација треба да се повлече од турнирот во Катар поради кршење на човековите права извршени во земјата домаќин во подготовките за Светското првенство.

Ова мислење е диктирано и од извештаите за дискриминација на ЛГБТ заедницата, што е забрането со закон во земјата.

Само 28 % од испитаниците биле за учество на Германија на Светското првенство во 2022 година, а 24 % претпочитале да не изберат една од опциите и да не коментираат на поставеното прашање.

Баварскиот парламент ќе ја разгледува ситуацијата на сослушувањата на Федералната комисија за спорт.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk