1.8 C
Skopje
Sunday, January 29, 2023

„Не“ за дивоградбите, но и за Јанша, рекоа Словенците на референдум

Најчитани вести

675 илјади Словенци гласаа против закон со кој би можело да се градат помали објекти во природа, покрај реки, езера и на јадранското крајбрежје, јавува Индекс.

На референдумот кој е знак дека „Словенија политички се буди“, според опозиционерот Лука Месец, Словенците како да кажаа „не“ и за Јанез Јанша и неговата влада, која го предлага контроверзниот закон.

– Недовербата во оваа влада е исклучителна, премиерот Јанша треба да поднесе оставка, а ако не тогаш опозицијата може да побара гласање за доверба на владата со предлагање на свој кандидат за нов премиер – рекла Тања Фајон, лидерка на социјалдемократите.

Мали хидроцентрали како да никнуваат секаде на Балканот. До каде е законот за дивоградби во Македонија и нашата дебата? Во Словенија, референдумот го започнаа здруженијата за заштита на животната средина под слоганот „За вода за пиење“ со поддршка на опозициските партии, со тезата дека ваквата градба, под притисок на инвеститорите и локалните интереси, ќе ги загрози бунарите за вода и природните ресурси.

Наспроти ова, владата на Јанша тврди дека целта била да се добијат дополнителни средства преку концесии за одржување на водните површини и канали и дека законот ќе им користи на помалите локални заедници. Сепак, Јанша на својот Твитер објави дека „нема да има драма“ заради резултатите, ниту дека неговата влада ќе падне поради ова. Меѓудругото, тој им замери на неговите поддржувачи кои во голем дел не се појавиле на референдумот.

Законот е толку контроверзен, што самиот претседател Борут Пахор, гласал против, но сепак објасни дека тој не бил „ниту глас за владата, ниту против“ и дека му е жал што дебатата за законот пред неговото донесување не била поголема.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести