7 C
Skopje
Monday, January 25, 2021

Не е само Џампаоло пред отказ, и на Бобан и Малдини им виси работата

Најчитани вести

Според „Газета дело Спорт“, под притисок поради лошите резултати се и Пауло Малдини и Звонимир Бобан кои можат да бидат сменети од сопствениците на Милан.

Во наредните денови се очекува Милан да му врачи отказ на Марко Џампаоло, но италијанските медиуми пишуваат дека можеби ќе има и поголем рез во клубот.

Сопственикот на Милан, „Елиот Менаџмент“ е разочаран од стартот на сезоната. Шефот на компанијата, Гордон Сингер бил на трибините на мечот против Фиорентина и тоа што го видел воопшто не го импресионирало.

Иако Сингер не се сретнал со Малдини и Бобан по мечот, „Газета дело Спорт“ пишува дека двајцата директори би можеле да добијат отказ заедно со Џампаоло.

Легендите на Милан беа донесени летото за да направат рестарт на Милан и да го поведат на победнички пат, но разочарувањата се големи на стартот од сезоната.

Дали ќе биде отпуштен само Џамполо, или отказ ќе добијат и Бобан и Малдини ќе се знае наскоро.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести