Home » Не е само Ливерпул, и Жирона драстично оштетена од судиите и тоа во дуелот со Реал (Видео)

Не е само Ливерпул, и Жирона драстично оштетена од судиите и тоа во дуелот со Реал (Видео)

by Lina Muslija

Во моментите кога во Шпанија започна судски процес против Барселона поради обвиненија за подмитување на судии, нејзиниот главен ривал Реал Мадрид ја „користи помошта“ од судиите кои му прогледаа низ прсти на вчерашниот дуел.

Во дербито на колото во шпанската Ла Лига, Реал Мадрид како гостин ја совлада Жирона со 3:0 и и го презеде првото место на табелата, но натпреварот помина во неколку сомнителни судиски одлуки и тоа на сметка на домаќинот.

https://x.com/314_MFC/status/1708360079135981866?s=20

При резултат 0:0, Џуд Белингам играше со рака во сопствениот шеснаесетник и од снимката на социјалните мрежи се гледа дека тоа го стори намерно. Играчите на Жирона бараа пенал и да се активира ВАР, но судијата на теренот и тие во ВАР собата останаа неми.

https://x.com/kitmediaoficial/status/1708192637985996848?s=20

Интересен момент се случи и во последните моменти кога главниот судија прво му покажа жолт картон на играчот на Реал Мадрид, Начо Фернандес поради груб старт. Но, по консултација со ВАР собата од каде судиите му рекоа на арбитерот на теренот дека ќе биде скандал ако не додели црвен картон, тој се премисли и го исклучи играчот на Реал.

Интересно е што во Шпанија има интересен збор кога станува збор за судењето во корист на Реал Мадрид, тоа е „сиган, сиган“ или во превод „игра, играј“ (се е чисто).

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More