Реновирањето на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид е при крај, а според снимките од новата соблекувална на Реал Мадрид, станува збор за нешто невидено.
Градежните работи на овој славен стадион уште траат, затоа Кралскиот клуб гостува во првите три кола сезонава од шпанската лига, Реал својот прв меч сезонава дома ќе го игра на 3 септември. Целосното завршување на реновирањето внатре на стадионот и од надвор, ќе заврши следната година, кога стадионот ќе добие и покрив кој ќе се затвора и „Бернабеу“ во случај на невреме ќе биде како огромна затворена сала.
Погледнете како изгледа новата соблекувална на Реал каде стои и пораката „Никој не е толку добар како сите заедно“ која потсетува дека тимот е поважен од поединецот: