21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Не бев фан на инјекции, сѐ додека не го открив ова: Гвинет Палтроу ја откри „најчуваната beauty тајна во Холивуд“!

Најчитани вести

Иако е поборник за здрава исхрана и необични природни производи кои го разубавуваат и рекламираат на нејзиниот популарен сајт Goop, Гвинет Палтроу (48) не одолеа на трендовите за подмладување и пред неколку години отиде на инјекции со ботокс. Како што подоцна објасни, смета дека тоа е најлошата одлука во нејзиниот живот.

„Изгледав лудо, изгледав како Џоан Риверс“, се пошегува таа, но не се откажала од инјекциите.

“Признавам, јас не сум обожавател на нив. Но, пред неколку години наидов на друга инјекција. Ксеомин”, откри таа и додаде: “Јадам добро, вежбам, користам неверојатни производи од Goop… Сепак, понекогаш ви треба малку помош. И важно е за мене да најдам квалитетен и рафиниран производ “.

Gvinet Paltrou

Која е всушност „најдобро чуваната тајна на Холивуд“, односно лекот Xeomin? Тој е, исто како и ботоксот, отров базиран на протеини, невромодулатор, кој ги блокира сигналите што нервите ги испраќаат до мускулите, предизвикува нивно релаксирање и со тоа ги брише брчките.

Најчесто се користи, исто така, како ботокс, за да се неутрализираат линиите помеѓу веѓите, каде што се најизразени поради намуртеност, околу очите, усните и челото. Тоа е прашок што се користи за правење инјекции, а неговата главна состојка е ботулински токсин од типот А, како кај ботоксот, кој се добива од бактеријата Клостридиум ботулинум.

Gvinet Paltrou

Тогаш, како се разликува Xeomin од ботоксот? Наречен „гол ботокс“, тој не содржи дополнителни протеини кои, според некои теории, можат да предизвикаат имунолошки одговор во организмот. Затоа, тој е помалку алерген, иако сè уште не е докажано научно. По инјекцијата, која трае околу петнаесет минути, лицето изгледа поприродно отколку по ботоксот (нема „камено лице“), но неговиот ефект е пократок.

Додека ботоксот работи околу една година, Xeomin „работи“ од три до шест месеци. Важно е да се нагласи дека е потребно употребата на двата лека да биде одобрена од вашиот лекар, кој ја знае историјата на вашите болести и можни алергии, како и дека инјекцијата треба ја врши професионалец.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести