15 C
Skopje
Saturday, May 15, 2021

Нејмар очајно сака да замине – се понудил на 4 други клубови!

Најчитани вести

Нејмар прави се само да си замине од ПСЖ, тоа го потврди и тренерот Тухел кој призна дека Бразилецот на крајот од минатата сезона му рекол дека не сака повеќе да игра за тимот и дека сака да се врати во Барселона.

Проблем за Каталонците се парите, немаат, единствено што би можеле да понудат се играчи, Кутињо и Дембеле, плус 40 милиони, наводно Захави ја донел таа понуда, но Парижаните ја одбија. Од играчите само ги интересира Умтити, тој чини околу 60 милиони, останатото Барса би морала да го плати, што е невозможна мисија. Се разбира, останува варијантата Кутињо да се врати во Ливерпул, Дембеле да си оди во Баерн, но сето тоа е комплицирано, прашање е колку Каталонците ќе имаат време да ги релизираат тие трансфери и потоа да го откупат Нејмар.

„Мундо Депортиво“ денеска пишува дека Бразилецот се согласува и на други солуции, дека преку некои агенти понуден е на уште неколку клубови во Европа. Прво Реал, но тие не го сакаат, поточно Зидан, иако Перез ја смета маркетинската страна на работата. Исто така, Реал би можел со продажбата на играчи да собере пари, но, изгледа дека мали се шансите тоа да се случи ова лето.

Баерн нема навика да ги плаќа играчите толку, иако нив по заминувањето на Рибери и Робен би им бил потребен Нејмар, а Јувентус исто така нема пари, тешко е да се верува, и да имаат, дека би ги вложиле во Бразилецот. Нивната мета ова лето беше Погба, а тој е поефтин од Нејмар.

Единствениот кој би можел да си го дозвили Нејмар е Манчестер Јунајтед. Но, Солскјер има други планови, на крајот тој ќе потроши околу 250 милиони евра, доколку пристигне Мегваер и Бруно Фернандес или евентуално Сергеј Милинковиќ Савиќ. Ги купија Ван Бисака и Џејмс, а изгледа дека трошење на нови 200 милиони во играчи не е реално.

Нејмар има малку опции, ќе ја чека Барселона, но каталонските медиуми и понатаму се сомневаат, по доаѓањето на Гризман и поради односот на Барса и ПСЖ дека трансферот ќе биде реализиран.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести