23.8 C
Skopje
Friday, June 25, 2021

Нејмар останува, ПСЖ ветува големи инвестиции

Најчитани вести

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, вели дека тие планираат големи инвестиции во тимот и Нејмар и Мбапе немаат изговор за да си одат.

За разлика од Мбапе, ситуацијата на Нејмар станува јасно, само прашање на време е кога ќе го стави потписот на новиот договор.

„Продолжувањето на договорот со ПСЖ веќе не е тема! Јасно е, тука ми е многу добро, се чувствувам како дома, посреќен сум од претходно“, изјави Нејмар за „ТНТ Спортс Бразил“, по мечот со Баерн.

Доцна синоќа и претседателот на ПСЖ потврди дека планираат големи инвестиции.

„Ќе инвестираме многу во клубот, Нејмар и Мбапе немаат изговор да го напуштат ПСЖ“, вели Ал Келаифи за „РМЦ Спорт“.

Но, за разлика од Нејмар, иднината на Мбапе е нејасна, тој сака да го напушти клубот и засега ги одбива предлозите за нов договор со ПСЖ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести