28.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Нејмар за славјето пред Кимих: Случајно беше…

Најчитани вести

ПСЖ загуби од Баерн Минхен со 0-1 во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампиони, но поради триумфот во Минхен се пласираше во полуфинале.

По натпреварот главна ѕвезда пред новинарите беше Нејмар, кој заедно со Леандро Паредес го прослави пласманот во полуфинале директно пред ривалот Џошуа Кимих.

Сепак, Бразилецот вели дека тоа било случајно и не сакал да провоцира.

„Не славев за да го испровоцирам. Тоа случајно се случи додека Лео и јас славевме. Ми кажа дека неговиот тим е подобар, дека ќе победи и ќе се пласира во полуфинале. Можеш да ја имаш топката на своја страна, но тоа на крајот не е важно“, вели Нејмар.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести