1.8 C
Skopje
Friday, January 27, 2023

Нејмар асистент, Пакета стрелец – Бразил е во финалето на Копа Америка

Најчитани вести

Фудбалерите на Бразил изборија пласман во финалето на Копа Америка. Бразилците, во првото полу-финале, го победија Перу со 1:0.

Неочекувано, покрај Нејмар, клуне фудбалер, во последните две победи на Бразил е Лукас Пакета. Играчот на Олимпик Лион, во четврт-финалето влезе од клупата и го постигна единствениот гол против Чиле, додека во полу-финалето беше стартер и го реши мечот во 35.минута.

Нејмар, му заврши пола од работата, кога се ослободи од двајца противници, потоа му ја остави топката на пакета, кој го постигна голот за победа.

Во вториот дел Перуанците се обидоа да се вратат во натпреварот, но не успеаја. Најдобрата шанса ја имаше Лападула, кој не успеа во ситуација „еден на еден“, не успеа да го совлада Едерсон.

Бразил во финалето ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Аргентина и Колумбија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести