Home » Нешков: Мицкоски работи од утро до вечер да го попречи почетокот на суштинските преговори на Македонија со ЕУ

Нешков: Мицкоски работи од утро до вечер да го попречи почетокот на суштинските преговори на Македонија со ЕУ

by Журнал.мк

Христијан Мицкоски е лидер на формацијата која во последните четири години прави се што е возможно за да заштити еден туѓ геополитички проект. Прво беше против Преспанскиот договор т.е да го спречи влегувањето на РС Македонија во НАТО. Во последните три години од утро до вечер работи со една единствена цел, да го попречи почетокот на суштинските преговори на Македонија со ЕУ. Ова го изјави новинарот и сопственик на бугарската агенција БГНЕС, Љубчо Нешков, во емисијата ,,120 минути” на бугарската телевизија БТВ, како коментар на вчерашните изјави на Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, за време на отворањето на т.н македонски клуб ,,Никола Вапцаров” во Благоевград.

Нешков е дециден дека македонизмот е туѓ геостратешки проект, кој кога не се служи со насилство се служи со лаги и манипулации.

,,Темел на македонизмот се фалсификувањето и лагата, кога не се користи насилство. Кога Македонците добиваат бугарски државјанства тоа е бизнис, за да станат шофери на камиони а кога Бугарите од Албанија ќе добијат бугарски државјанства тоа е асимилација и тие протестираат. Нема никаква логика”, изјави Нешков.

Тој ги разоткри лагите и манипулациите на Мицкоски во неговото тврдење дека во Македонија живее бугарско малцинство и во неговиот коментар за луѓето од Македонија кои земале бугарски пасоши.

,,Во Македонија Бугарите никогаш не биле малцинство. Бугари се оние луѓе кои го преживеале геноцидот по 1945 година и по 1919, се разбира. Второто нешто што Мицкоски го искористи како лага е за бугарските пасоши и државјанства. Тој истакна дека сите Македонци што имаат бугарски државјанства го направиле тоа од економски причини. Што ќе каже г-нот Мицкоски за неговите сопартијци од раководството кои имаат пасоши. Градоначалничката на Скопје има бугарски пасош, министри имаат бугарски пасоши, и тие ли сакаат да заминат?”, изјави Нешков.

Нешков го коментираше и поставувањето на камен темелник на Коридор 8 што се случи кај Куманово, на кој што присуствуваа премиерите на РС Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Галаб Донев.

,,Се чудам како ниту едниот ниту другиот од двајцата премиери немаа храброст да признаат дека двете страни поспецијално таа во Скопје имаат извршено криминал во последните 30 години.
Првиот проект започнува 1850 година. Цариград-Пловдив-Софија-Скопје. Првото стопирање е по руско-турката војна. Се возобновува за време на Балканските војни и неговиот вистински подем е во периодот 1941-1944 година. Еве го одговорот каков е оној геополитички проект, руски-српски, и ние тоа треба да го кажеме најотворено. Ние треба да ја разоткриеме неговата суштина и да ги заштитиме не само Бугарите во РС Македонија, но и бугарските интереси и минато”, изјави Нешков.

Што уште кажа Љупчо Нешков пред бугарската телевизија БТВ погледнете во видеото што следи:

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More