5.8 C
Skopje
Friday, December 9, 2022

Нехамер: ЕПС нема да го одложи приближувањето на Западен Балкан кон ЕУ

Најчитани вести

Австрискиот канцелар Карл Нехамер не верува дека новиот формат на Европската политичка заедница (ЕПС) ќе го одложи приближувањето на Западен Балкан кон ЕУ.

Тој во Прага рече дека се потребни такви формати за да се зајакнат релациите со системот на вредности и економијата, но предупреди на преголемите очекувања.

– Како и во случајот со Србија и Косово, напредокот не може да се форсира, тоа може да се направи само преку преговори – рече Нехамер.

Тој посочи дека Србија во моментов е „во јаз“ меѓу Русија и Западот, кој бара примена на санкции против Москва.

Европската политичка заедница, смета тој, може да помогне и на овој план.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести