11 C
Skopje
Monday, March 1, 2021

„Нетфликс“ и фудбалската легенда Ерик Кантона доаѓаат да снимаат во Македонија

Најчитани вести

Најпопуларниот стриминг сервис „Нетфликс“, шпанската глумица Роси де Палма, која важи за муза на славниот режисер Педро Алмодовар и француската фудбалска легенда и актер Ерик Кантона во наредните месеци ќе снимаат ТВ-серија и филм во Македонија.

Лабина Митевска од „Сестри и брат Митевски“ ќе биде извршен продуцент на двата проекта: минисеријата „Во вечерта“ и филмот во француско-белгиско-македонската копродукција „Сирена во Париз“ (Une sirene a Paris).

Лабина Митевска ќе биде продуцент на двата проекта (Фото: К. Попов)

Серијата ќе има осум епизоди и првиот дел ќе се снима во Македонија, а вториот во Бугарија. Во Скопје ќе се снима на аеродромот во почетокот на октомври. Митевска вели дека ќе дојде екипа од 100 луѓе, но сѐ уште не може да открие кои се актерите.

Де Палма и Кантона, пак, ќе бидат дел од актерската екипа на филмот „Сирена во Париз“, што треба да излезе наредната година. Филмот е веќе откупен од „Сони“, а автор е Матијас Малзју, кому ова му е прв игран филм. На 30 август почнува снимањето, кое шест недели ќе се одвива во Македонија: екстериери во Битола и во околината, а студиски во Скопје, во студијата на „Фх3х“.

Како играч на Лидс и Манчестер јунајтед, 53-годишниот Кантона беше една од најголемите ѕвезди во англиската Премиерлига во 1990-ите. Потоа почна актерска кариера, која денес брои повеќе од 30 наслови.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести