21.8 C
Skopje
Tuesday, June 22, 2021

Нетанјаху не успеа да формира влада ни по четвртите избори во две години

Најчитани вести

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не успеа да формира влада и по четвртите парламентарни избори во последните две години.

Рокот за формирање влада истече во четвртокот, пренесе агенцијата ДПА. Новиот неуспех на Нетанјаху им дава прилика на неговите политички противници да го довршат владеењето на 71-годишникот, најдолговечен израелски челник во историјата.

Израел е во длабока политичка криза, но Нетанјаху и понатаму останува на чело на транзициската влада.

Го чека и судење за корупција, но тој ги отфрла обвиненијата.

Израелскиот претседател Ревен Ривлин сега би требало да го даде мандатот за составување влада на челникот на опозицијата Јаир Лапид од центристичката партија Атид.

Аналитичарите сметаат дека тоа нема да биде лесна задача, а не се отфрла ни можноста за петти парламентарни избори во две години

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести