-1 C
Skopje
Thursday, January 28, 2021

Нестор: Ме спречи пречката, голманот, па судиите – конечно погодив!

Најчитани вести

Maкедонскиот напаѓач Илија Несторовски вчера конечно успеа да постигне гол за Удинезе.

Несторовски погоди во натпреварот против Сампдорија кога го доведе својот тим во водство, сепак тимот од Удине во продолжение прими два гола и Сампдорија однесе победа од 1:2.

За Несторовски ова беше прв гол после пет месеци и прв во дресот на Удинезе. Пред конечно да погоди на официјален натпревар за Удинезе ВАР му понушти гол на Нестор, а такво нешто на Прилепчанецот му се случи и неколку кола претходно.

„Конечно постигнав гол. Прво ме спречи гпречката, голманот, па судиите…После овој гол сум порекалсиран, среќен сум поради голот, но не во целост затоа што го изгубивме натпреварот“, изјави Несторовски.

За Несторовски клучен бил голот на Гамбјадини од слободен удар.

„Пред Гамбјадини да постигне гол на теренот игравме само ние, по нивниот гол следуваше и исклучувањето на Јајало. Сега не чека Лацио и одиме во Рим по добар резултат“, порача македонскиот фудбалер.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести