-1 C
Skopje
Saturday, January 16, 2021

Несторовски се враќа во Серија А, Удинезе ќе биде неговиот нов тим

Најчитани вести

„Спорт Медиасет“ пишува дека Удинезе и Илија Несторовски си подале рака, наскоро Македонецот ќе биде презентиран како ново засилување.

Италијанскиот медиум тврди дека трансферот на Несторовски во Удинезе е завршена работа, во наредните денови тој треба да ги помине медицинските тестови, да стави потпис на договорот и да биде презентиран.

„Спорт Медиасет“ ги објавува деталите, Несторовски ќе потпише тригодишен договор и ќе го носи дресот со број 30, кој го имаше и во Палермо.

Несторовски во Удинезе оди како слободен фудбалер поради исфрлувањето на Палермо во Серија Д.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести