23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Несторовски нема да настапува против Германија поради недоличното однесување во натпреварот против Лихтенштајн

Најчитани вести

Илија Несторовски, по голот што го постигна од пенал за 5-0 против репрезентацијата на Лихтенштајн, испрати “невкусна” и навредлива порака кон камерите.

Прославата на популарниот Нестогол набрзо стана топ тема во македонската спортска јавност, поради што и самиот тој мораше да објаснува зошто го направил тоа.

Напаѓачот на италијански Удинезе нагласи дека навредата била наменета кон три лица кои му се заканувале минатите денови.

И покрај тоа, селекторот Игор Ангеловски денеска донесе одлука да го ослободи Несторовски од мечот против Германија во среда.

“Најнапред драго ми е што се извини и што даде свое објаснување зошто го направил тоа, но такво однесување од репрезентативец не може да помине несанкционирано, затоа е ослободен од обврските за следниот натпревар со Германија”, изјави селекторот Ангеловски.

Македонската репрезентација утре патува за Дуизбург, каде во среда во 20:45 часот ќе игра против репрезентацијата на Германија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести