Фудбалската федерација на Италија преку соопштение потврди дека сите играчи на Палермо се ослободени од договорите и можат да го напуштат клубот.
Откако беше одбиена жалбата на Палермо за останување во Серија Б, логична последица беше и ослободување на фудбалерите од договорите.
Клубот е префрлен во Серија Д, а сите играчи се ослободени од обврските кон Палермо и можат да си бараат нови клубови.
Фудбалската федерација на Италија потврди дека играчите на Палермо се слободни. Сега откако е официјално, македонските репрезентативци најверојатно наскоро ќе пронајдат нови ангажмани.
Илија Несторовски силно се поврзуваше со Удинезе, додека Александар Трајковски со Милан и Спортинг Лисабон