-1.2 C
Skopje
Monday, February 6, 2023

Несторовски: Знам дека сум четврти напаѓач во Удинезе, но мојот менталитет не се менува

Најчитани вести

Илија Несторовски го прослави враќањето во репрезентацијата со гол во Серија А, што за него е прв во италијанската елита од стартот на сезоната во која навистина ретко добива шанса.

Иле има одиграно вкупно 90 минути, но вчера покажа дека е тука за тимот во било каква ситуација и неговото влегување во игра внесе живост кај Удинезе кој губеше со 3:0 кај Наполи.

Несторовски постигна гол за 3:1 и потоа гостите се погрижија за нервозен крај на мечот со втор погодок во мрежата на Наполи, што сепак беше недоволно да се освои барем бод кај тимот кој игра неверојатен фудбал и е лидер во Калчо лигата.

Македонскиот напаѓач ја загуби битката со Елиф Елмас кој вчера беше најдобар поединец на теренот, но со своите добри 20 минути, јасно му стави до знаење на тренерот дека може и почесто да добива шанса во вториот дел од сезоната.

– Среќен сум за голот, но не и за резултатот. Наполи се исплаши на крајот, но задоцнивме со реакцијата. Денеска игравме против многу силна екипа која ги прави работите тешки за секој противник. Сега ни следи пауза на која треба да се одмори, но и напорно да работиме за да продолжиме оваа сезона онака како што почнавме

– Лично за мене, јас секогаш напорно работам на тренинзите. Имам вградено таков менталитет од дете и работам да бидам подобар. Знам дека сум четврти напаѓач во тимот, но секогаш работам за да бидам подготвен и да им помогнам на соиграчите, – изјави Несторовски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести