Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски, се враќа во Серија А. Досегашниот фудбалер на Палермо, потпиша двегодишен договор со екипата на Удинезе. Според „Спортиталија“ официјалната промоција на Несторовски во новиот дрес ќе биде во текот на неделава.
Оваа информација ја потврди и извршниот директор на „ТВ Делоспорт“, Мишел Крискитиело кој ретко греши кога во прашање се трансферите во Серија А.
Несторовски го одбрал Удинезе иако за него имало сериозен интерес и од Болоња и Торино но таму не му било загарантирано местото во првата постава.