Home » Несреќен „кам-бек“: Погба веднаш се повреди, го пропушта стартот на Серија А

Несреќен „кам-бек“: Погба веднаш се повреди, го пропушта стартот на Серија А

by Журнал.мк

Пол Погба во втората етапа во Јувентус започна непосакувано. Французинот на последниот тренинг доживеал тешка повреда поради која е принуден да го пропушти стартот на сезоната во Серија, а лекарите предвидуваат пауза од најмалку два месеци.

Според „Газета дело Спорт“, играчот за врска ќе мора да прави операција на менискусот на коленото. Тимот на Масимилијано Алегри слета во Далас без новото летно засилување. За утре Јуве закажа пријателска средба против Барселона.

Репрезентативецот на Франција ова лето се врати во Торино од Манчестер Јунајтед, каде веќе играше од 2012 до 2016 година.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk