Куманово, 8 август- Момче се здобило со тешки телесни повреди при сообраќајна несреќа на автопатот Куманово-Скопје.
„Вчера во 08:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Форд фиеста“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот В.Т. од Куманово, излетало од коловозот.
Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје“, информира МВР.