Дијабетесот е една од најраспространетите болести во светот со 537 милиони регистрирани случаи од светската популација, бројка која е во постојан пораст. Македонија не е изземена, сo бројка од 125.000 регистрирани и уште околу25.000 кои не се регистрирани, е една од земјите со најголема зачестеност на дијабетесот према бројот на жители. Во изминатите 10 години пациентите се соочуваат со сериозни потешкотии со апаратите за мерење шеќер. Во Македонија има околу 20 различни брендови на апарати, сите со потребниот ISO сертификат.Но и покрај тоа што поседуваат соодветен ISO сертификат мерат со различна прецизност, некои мерат со лабораториска прецизност додекадруги со сериозни отстапки. Поради големите отстапки на резултатите,пациентите се соочуваат со побрзо развивање на компликации. По повод состојбата со дијабетесот и прецизноста на апаратите разговаравме со Професор Др.Татјана Миленовиќ.
Професорке што е дијабетес и дали можете да ни ја објасните потребата за мерење шеќер кај лицата со дијабетес?
Дијабетесот е хроничнозаболувањекоесекарактеризирасозголеменивредности на шеќеротвокрвта. Нивото на шеќеротвокрвта е контролирано од инсулин, хормонкојсесоздававопанкреасот. Задача на инсулинот е дапомагавопридвижувањето на гликозата од крвтавоклетките, кадесеразложува и седобиваенергија. Луѓето кои страдаат од дијабетес, независно од кој тип, имаат покачени вредности на крвниот шеќерзатоаштонивниоторганизамнеможедајапренесегликозатавоклетките.
Преку редовни самопроверки, луѓето со дијабетес добиваат поголема безбедност во секојдневниот живот. Потоа, болеста може подобро да се контролира и да се зголемува благосостојбата на пациентите, ефикасно да се спречуваат последователни оштетувања на кардиоваскуларниотсистем, очите, бубрезите и стапалата. Со самоконтролата,лицата на терапија со инсулин, можат да јап рилагодат дозата на инсулин со проверка на нивото на шеќерот во крвта и исто така да реагираат на метаболичките нарушувања во рана фаза.

Откако ја споменавте самоконтролата дали би сакале да ни кажете повеќе за третирање и дозирање на инсулинската терапија во домашни услови?
Апаратот за мерење шеќер е основното домашно помагало за лицата со дијабетес кое е тесно поврзано со инсулинската и оралната терапија како и со пумпите и сензорите. Доколку апаратот не е прецизен луѓето со дијабетес нема да можат точно да проценат колку е нивото на нивниот крвен шеќер и према тоа соодветно да аплицираат инсулин.Останува можноста во случај на резултат со високо отстапување пациентот да стави поголема количина на инсулин од потребнотои да се појави хипогликемија т.е. шеќерот да падне многу ниско, што може да доведе дури и до губиток на свеста. Истото се случува доколку пациентот стави помала количина на инсулин, од причина што апаратот за мерење шеќер покажува константно ниска вредност, а всушност шеќерот е постојано висок и пациентот повторно да аплицира несоодветна терапија. Во секој случај ваквото несоодветно дозирање има многу последици по здравјето на пациентот.
Во моменталните услови дали повеќе им верувате на резултатите на пациентите добиени во домашни услови или од акредитирана лабораторија?
Во изминатиов период од неколку години, голем број од пациентите кои доаѓаат,добивале резултати кои не ја прикажувале реалната состојба со шеќерот во крвта поради што дозирале несоодветна доза инсулин.Ова го откриваме преку анализата наHBA1C (просечен тримесечен крвен шеќер) кој најчесто се случува да е многу висок. Во ваквите ситуации се трудиме да изнајдеме соодветно решение, но за жал несоодветниот третман,резултира на долг рок со појава на компликации, а нивното лекување е товар за пациентот и за државата.
Имаме и пациентикои и покрај тоа што имаат право на ленти за мерење шеќер обезбедени од МЗ, сепак се одлучуваат да купат други ленти и со нив да го контролираат шеќерот во крвта. Кај ваквите пациенти може да се забележи дека имаат подобра метаболна контрола и резултат на HBA1C.
Затоа за да имаат добро регулиран шеќер во крвта особенозначајно е пациентите да користат високо-квалитетни апарати кои се проверени на светско ниво.Со добро регулиран шеќер пациентот нема потреба од дополнителни терапии, а тоа резултира со намалување на трошоците кои би биле на товар на државата.
Во денешно време преку инвестиција во модерни и високо-квалитетни апарати, што воедно е и најевтина инвестиција,би се подобрил квалитетот на животот и здравјето на пациентите со дијабетес. Во ова непредвидливо време на пандемија, каде лицата со дијабетес се категоризирани како лица во ризична група, апаратите за мерење шеќер во крвта кои имаат можност да ги праќаат резултатите преку E-mail,viberитн значајно ќе ја олеснат комуникацијата помеѓу пациентот и докторот, така што ќе му овозможат на докторот да има увид во мерењата (резултати и зачестеност на мерења).
Како ние како држава сме во однос на земјите од регионот?
Ако ги земеме предвид Државите од бивша YU- Србијаи Хрватска одамна тоа го решија со рефундирање на пациентите. Пациентите сами избираат кој апарат и ленти ќе ги користат и ги купуваат директно од аптекана ист начин како лековите кои се покриени од Фондот. Фондот преку соодветен механизам определува износ за лентите кој ќе го покрива за секој пациент. Доколку пациентот реши да купи ленти кои го надминуваат тој износ, во аптеката ја плаќа само разликата. Албанија исто така пред некоја година започна со процесот на рефундација за пациентите со тип 1 дијабетесдо 25 години.
За жал во Македонија во последните 8 години сеуште важи тендерската најниска цена.Тендерот се обновува на секои 2 години, се менуваат и компаниите на лентите и апаратите па пациентите имаат и по неколку апарати дома од различни компании, и се во незавидна состојба.Секојавтора година се соочуваат со нови апарати, прилагодувања и проблеми што значително го отежнува нивниот живот, особено на децата и адолесцентите кои треба да одредуваат крвен шеќер по неколку пати во денот.