16 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Несекојдневно искуство: Ноќ во „затвор“ за 42 евра – ова е најнепријатниот хостел на планетата

Најчитани вести

„Sook Station“ е првиот хостел во Бангкок со затворска тематика, а неговите основачи велат дека гостите или го сакаат ова место или пак го мразат.

Тој се состои од седум затворски ќелии и две простории за самци без прозорци во кои што може да преспиете по цена од 42 евра од вечер.

За дополнителни 18 евра може да изнајмите пругасти затворски пижами и да направите затворска фотографија за спомен.

„Собите“ имаат дури осум квадратни метри, а цел хостел е прилично темен, па изгледа како да се наоѓате во реален затвор.

Светлата се гаснат во сите соби во исто време, а наместо клуч добивате број од ќелијата во која што можете да се сместите по доаѓањето.

Покрај тоа, таму нема хостелски работници кои што ќе ве служат, па сè мора да правите сами, вклучувајќи го и местењето на креветот пред да се одјавите од собата.

Зад целата оваа приказна стои брачниот пар Ситичаи Чајворапруг и Пјанат Тикаванич на кој што овој хостел им е и „претприемачки излет“.

„Мислевме дека луѓето ќе дојдат само еднаш, но има гости кои што се враќаат тука. Гостите или го сакаат или го мразат ова место“, признал парот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести