Интер успеа да направи пресврт против Фиорентина уште во првото полувреме и го однесе финалето во посакуван тек, па тоа му овозможи на Симоне Инѕаги да ја зацврсне одбраната во вториот дел и да направи тактички замени.
Првиот потег на Симоне беше вадењето од игра на Един Џеко кој му го отстапи местото на Ромелу Лукаку, но реакцијата на Босанецот беше онаа која се најде во прв план и која предизвика револт и кај тренерот.
Џеко не го криеше незадоволството и фрустрацијата што заминува на клупа после само 58 минути, а Инѕаги имаше што да му врати и имаше расправија со ветеранот на клупата за резерви.
Добра вест беше тоа што двајцата брзо заборавија на ова кога тимот ја оствари посакуваната цел на крајот од финалето, но потоа следеше уште една интересна сцена, во која повторно актер беше Един.
Џеко успеа да го загуби медалот при шампионската прослава на Интер, но брзо успеа да го пронајде и го врати онаму кадешто му е местото.