Непријатен пречек на „Open arms“ на грчкиот остров Лезбос

0

Брод на невладината организација „Open arms“, што со своето присуство во морето им помага на бегалците и мигрантите, наишол на непријатен пречек на грчкиот остров Лезбос, кога група жители, како што објавија локалните медиуми, не дозволиле да се закотви на едно од пристаништата.

Според истите информации, дел од граѓаните симболично фрлиле камења кон бродот, што бил на околу 200 метри од пристаништето, во северниот дел на островот.

За да се спречат инциденти, во морскиот дел стигнале бродови на Фронтекс и грчката крајбрежна служба, но и полиција на копно, по што бродот доцна синоќа се закотвил на пристаништето.

Информативниот портал „Lesvosnews“ коментира дека ова е првпат жителите на островот да реагираат на ваков начин кон невладина организација, jави дописничката на МИА од Атина.