17.3 C
Skopje
Wednesday, May 12, 2021

Непознато во кое својство адвокатот Павлевски ја придружуваше Јанева во ЈО?!

Најчитани вести

Иако својството на адвокатот Стеван Павлевски на распитот на Јанева не беше докрај јасен, во јавноста веднаш се покрена прашањето дали тој смее да ја застапува обвинителката.

Попладнево Јанева тврди дека има право на правен консултант.

Законот според Адвокатката Ружица Николовска е јасен- бранител на распит може да застапува осомничен, жртва или оштетен. Лице повикано како сведок вели таа, нема потреба од адвокат.

За голем дел од експертите спорен е и адвокатот со кој пристигна Јанева – Стеван Павлевски, имајќи во предвид дека тој е бранител на Цветан Панделески -обвинет во случајот Империја на СЈО. Токму тука според Николовска можен е судир на интереси.

За предметот “Рекет” до сега покрај осомничените во случајот беа сослушани и тројцата обвинители на СЈО, Лиле Стефановска, Елизабета Јосифовска и Бурим Рустеми.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести