Home » Непозната дестинацијата на првиот брод со пченка што исплови од Украина

Непозната дестинацијата на првиот брод со пченка што исплови од Украина

by Журнал.мк

Украинската амбасада во Либан соопшти дека не знае каде е првиот брод со прехранбена стока што согласно договорот за деблокада на украинските пристаништа исплови од Одеса.

Бродот „Разони” натоварен со 26 илјади метрични тони пченка на 1 август под знаме на Сиера Леоне исплови од украинското пристаниште со крајна дестинација Либан. Потоа бродот беше подложен на проверка во Турција, за потоа купувачот да ја повлече нарачката поради доцнењето во испораката.

Бродот последен пат бил забележан пред три дена крај источниот брег на Кипар, кога бил исклучен тракерот за следење на местоположбата на пловилото.

Амбасадата на Украина во Бејрут соопшти дека откако либанскиот купувач одбил да ја прими задоцнетата нарачка, товарот од „Разони” бил препродаден неколку пати. Во моментов нема информации каде се наоѓа бродот ниту каде завршила натоварената пченка.

Од почетокот на месецов 16 бродови со вкупно над 450 илјади тони земјоделски производи на бродот испловија од деблокираните украински пристаништа. Се проценува дека Украина има околу 20 милиони тони жито подготвено за извоз.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk