Home » Неочекувано издание: „Фрајле“ позираа во костими за капење- вакви не сте ги виделе (ФОТО)

Неочекувано издание: „Фрајле“ позираа во костими за капење- вакви не сте ги виделе (ФОТО)

by Журнал.мк

Групата „Фрајле“ од Нови Сад летово го поминува и во обиколка на целиот регион. Моментално се на хрватското приморје, поточно во Истра, каде имаа концерт.

Освен по музичкиот правец, Наташа, Јелена и Невена се препознатливи и по автентичниот имиџ, но досега не сме ги виделе во издание на плажа.

Тие на најдобар можен начин го искористија топлиот августовски ден, покрај базенот, за потоа полни со енергија да излезат пред фановите. Тие споделија моменти на уживање на Инстаграм, а фотографиите добија многу позитивни коментари.

Наташа Михајловиќ избра зелено-бели бикини кои ја истакнаа нејзината витка линија.

Невена Буча се одлучи за црна боја, додека нејзината сестра Јелена размислуваше за секој детал – бел костим за капење на едно рамо со морски мотиви придружени со нејзината коса во пунџа и ефективен корален лак. Сумирано, како што сме навикнати од нив.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk