-2.2 C
Skopje
Sunday, February 5, 2023

Неоправданото бугарско вето е злоупотреба на моќта на членка на ЕУ

Најчитани вести

Бугарското вето секако е неоправдано, и за жал, националистичка злоупотреба на моќта на земја-членка на Европската Унија, истакна експертот за Балканот, Флоријан Бибер, во интервју за МИА, додавајќи дека бугарската блокада на многу начини, дури е побезобразна од грчкото вето, бидејќи таквиот потег уследи откако Бугарија ја поддржуваше Македонија со години, не се спротивставуваше на претходните политики и потпиша Договор за пријателство.

Тој наведува дека во ЕУ нема многу симпатии за бугарската позиција, но смета дека таа оди во прилог на некои земји-членки кои прикриено сакаат да го одложат проширувањето. Бибер исто така посочи дека можноста за решавање на прашањето со Бугарија ќе зависи од исходот од тамошните избори закажани за 11 јули.

– Бугарското вето секако е неоправдано и за жал националистичка злоупотреба на моќта на земја членка на ЕУ. Не мислам дека бугарската позиција има многу симпатии во ЕУ и изгледа прилично смешно. Некои земји членки можеби со задоволство се кријат зад неа, бидејќи им дозволува да го одложат проширувањето. Земјите кои се ангажирани во регионот се фрустрирани од позицијата на Бугарија. Проблемот е во тоа што ЕУ е блокирана и што една членка може да ја задржи блокадата, освен ако остатанатите не ја направат цената за таквата позиција превисока. Неколку членки се обидоа да преговараат и да најдат решение, вклучувајќи ги Германија и Португалија како земја претседавач во заминување, но не беа успешни – објаснува експертот за Балканот во изјава за МИА.

Бибер ќе учествува на Првата меѓународната конференција во рамките на Преспа форумот за дијалог – „Западен Балкан: делот што недостига за Европа да биде целосна”, што ќе се одржи утре и задутре во Охрид и Отешево во организација на МНР.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести