20.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Необични навики на познатите светски книжевници: Шилер во фиока чувал скапани јаболка за инспирација, Кафка вежбал гол…

Најчитани вести

Не е тајна дека светски познатите книжевници имале навики кои што биле ексцентрични.

Доколку ве интересира што било зачудувачки кај Вирџинија Вулф, Франц Кафка, Џејмс Џојс и другите познати писатели, продолжете да читате.

Вирџинија Вулф

Познатата англиска книжевничка на почетокот од својата кариера пишувала романи само стоејќи. Таа на тој начин сакала да ја имитира својата сестра која што исто така била уметница и која додека сликала стоела.

Џејмс Џојс

Славниот модернист ги пишувал своите дела во својот кревет, но и додека лежел на стомак. Поради тоа што имал многу слаб вид, тој користел бои за да нагласи одредени делови од текстот.

Фридрих Шилер

Шилер сакал да пишува доцна во ноќта. За да остане буден, тој имал навика да ги стави своите стапала во леген кој што бил полн со ладна вода. Познатиот германски поет, драматург, филозоф и историчар имал уште една чудна навика. Тој во својата фиока чувал скапани јаболка. Нивниот мирис го мотивирал да пишува.

Џорџ Гордон Бајрон

Лордот Бајрон имал вистинска мала зоолоша градина на својот имот. Тој поседувал осум кучиња, три мајмуни, пет мачки, неколку пауни, орли, врани и соколи, а се верува дека во еден период од неговиот живот милениче му била мечка.

Александар Дима

Славниот француски книжевник своите романи ги пишувал на сина хартија, а розовата хартија ја користел на есеи и колумни, додека пак жолтата хартија му била резервирана за поезија.

Франц Кафка

За да го разбистри својот мозок, авторот на романот „Процес“ сакал да вежба гол, и тоа пред својот прозорец.

Оскар Вајлд

Вајлд сакал да ги изненадува сонародниците, па така често по улиците на Лондон шетал со јастог врзан на подебел конец. 

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести