14.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

НЕОБИЧЕН ПОТЕГ: Борисов го подари своето сако на градежен работник

Најчитани вести

Во екот на кампањата, бугарскиот премиер Бојко Борисов направи необичен потег. Тој при посетата на градежните работници кои работат на реновирање на автопатот меѓу Стара Загора и Чирпан го подари своето сако на еден од работниците.

Работникот го пофали сакото на премиерот. 

„Убаво Ви е сакото. Сакам и јас да си земам исто такво“, му рече работникот на Борисов.

Борисов  ги праша своите соработници дали има друго сако во возилото, по што го соблече своето и му го подари на работникот.

„Алал нека ти е. Да ги проверам само џебовите. Запалката ќе ти ја оставам, но маската ќе си ја земам“, рече Борисов. 

Тој ги воодушеви останатите работници кои го поздравија со ракоплескање.

Последната анкета на центарот „Алфа рисрч“ и бТВ покажува дека на еден месец пред изборите во Бугарија партијата на премиерот Бојко Борисов, ГЕРБ, се мобилизира и ја зголемува разликата пред неговиот главен конкурент Бугарската социјалистичка партија (БСП). Разликата сега изнесува 5,3 отсто – за ГЕРБ во овој момент би гласале 28,5 а за БСП 23,2 проценти од испитаниците. Анкетата е спроведена меѓу 26 февруари и 1 март на 1013 испитаници. Според неа, 52,5 отсто рекле дека сигурно ќе гласаат на 4 април, а 15,3 отсто уште не знаат за кого би го дале својот глас.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести