6 C
Skopje
Saturday, April 17, 2021

Ненадејно почина српскиот глумец Горан Даничиќ

Најчитани вести

Вчера во Белград на 58-годишна возраст ненадејно почина српскиот глумец Горан Даничиќ. Тажната вест ја објавија од Југословенскиот драмски театар, од каде беше соопштено дека по барање на семејството, тој бил погребан денеска во кругот на најблиските.

Даничиќ има играно во неколку познати филмови и серии. Во познатите филмови во кои има играно се: Ивкова слава, Ние не сме анѓели, Среќни луѓе, Гревот на нејзината мајка, Небеска јадица, Заборавени.

Даничиќ бил член на Југословенскиот драмски театар од 1993 година, а три години претходно дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести