Home » Немa повеќе дискриминација, жените кои издржуваат казна затвор ќе ги имаат истите права и поволности како и мажите

Немa повеќе дискриминација, жените кои издржуваат казна затвор ќе ги имаат истите права и поволности како и мажите

by Журнал.мк

Жените кои издржуваат казна затвор ќе ги имаат истите права и поволности како и мажите, соопштуваат од Министерството за правда, откако министерот Кренар Лога ги потпиша измените на Правилникот за распоредување, класификација и разместување на осудените лица во Казнено-поправните установи.

Со измените е предвидено лице од женски пол, кое е осудено на казна затвор до три години или издржало казна затвор од три години, да може да ги користи поволностите во согласност со правилникот и куќниот ред од КПУ „Идризово“.

– Со измените на Правилникот повеќе нема да има дискриминација на осудените лица од женски пол во женското одделение, наспроти осудените од машки пол, велат од Министерството за правда.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More