25.8 C
Skopje
Thursday, July 7, 2022

„Нема што повеќе да изгуби“: Се шпекулира дека Амбер Херд ќе пишува книга

Најчитани вести

Актерката Амбер Херд е во преговори да напише книга за зголемување на нејзиниот приход, откако загуби милиони долари на суд во случајот против поранешниот сопруг Џони Деп. Извор близок до актерката тврди дека таа е скршена и дека не е во позиција да одбие некаков прилив на средства.

„Амбер смета дека нејзината кариера во Холивуд е завршена. Веќе е во преговори и е возбудена поради тоа. Во моментов нема што да загуби и сака да раскаже сè“, за „OK! Magazine“ изјавил извор близок на актерката.

Дрор Бикел, адвокат за разводи и автор на книгата „The 1% Divorce, When Titans Clash“, рече дека актерката може да се соочи со потенцијални тужби што книгата може да ги предизвика.

„Колку што Херд сака да раскажува за овој случај и за нејзината врска со Деп во книгата во која ќе зборува за сè, таа мора да биде крајно внимателна кога зборува за него“, рече Бикел, велејќи дека Деп и неговите адвокати ќе се фокусираат на сè што ќе каже Херд.

„Ако ја премине границата, што е веројатно, нема сомнеж дека ќе се соочи со уште една тужба за клевета и веднаш ќе заврши на суд“, додаде адвокатот.

Инаку, претставниците на Амбер Херд не ги потврдија ниту негираа написите за книгата. Амбер неодамна даде големо интервју за „NBC“ во кое рече дека е повредена од количината на омраза и гнев насочени кон неа, но дека не се покајала што го однела случајот на суд и покрај нејзината загуба и големиот публицитет.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com