Најдобриот светски тенисер најверојатно на сите времиња, Новак Ѓоковиќм со пласманот во полуфиналето на турнирот во Синсинати обезбеди пласман на завршниот Мастерс што ќе се одржи од 12 до 19 ноември во Торино.
Тој е само вториот тенисер кој ја потврди визата за настап во Италија, откако пред него тоа го направи Карлос Алкараз, кој во моментов е тенисер број еден во светот. На завршниот Мастерс ќе учествуваат осумте најдобри тенисери во тековната сезона.
Новак шест пати го освојуваше завршниот турнир во досегашната кариера, со што го дели рекордот со Швајцарец Роџер Федерер, па сега има можност да го сруши ова негово остварување.