21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Нема полициски час за Велигден и за Бајрам, угостителите ги отвораат терасите

Најчитани вести

Утрово се донесени нови одлуки за нови рестриктивни мерки кои ќе важат во следниот период. Утре на седница на Влада треба да се прифати отворање на летните тераси на сите угостителски објекти, полицискиот час ќе започнува од 21 часот, а за време на празниците нема да има полициски час и граѓаните слободно ќе се движат. Сето ова е резултат на навремено донесените мерки, рече министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.

– Бројките се намалуваат, епидемиолошката крива е во опаѓање и сега има тренд бројот на испишани пациенти во болниците да биде поголем од примените пациенти. Се намалува и притисокот во болниците. Вакцинацијата се одвива добро. Денеска стигнуваат 10.000 вакцини од „Фајзер“, а секој понеделник ќе стигнуваат помеѓу 4.000 и 7.000 вакцини. Што се однесува на новите рестриктивни мерки, Владата утре треба да одлучи дали да ги прифати препораките на Штабот. Новите препораки се полицискиот час да започнува од 21 часот наместо од 20 часот, а за време на празниците Велигден и Бајрам да нема полициски час и граѓаните да можат слободно да се движат. Полициски час нема да има сабота кон недела, 1 кон 2 мај, како и 12 кон 13 мај кога се слави Бајрам – истакна Филипче.

Мерките ќе важат од завршувањето на сите празници, а потоа ќе дискутираме дали ќе носиме нови мерки.

– Будно ја следиме ситуацијата и овие мерки се препорачани врз основа на сето ова што се случува. Еден од клучните фактори е одговорноста на граѓаните, без разлика на тоа какви мерки важат во еден или во друг период. Мора да знаеме дека таму каде што се почитуваа мерки немаше проблеми. За време на двата празника, сабота кон недела, и за Рамазан Бајрам, граѓаните ќе можат слободно да се движат. Мерките ги воведовме за да се намали притисокот врз болниците. Сакавме некои работи да забрзаме и да можат да здивнат лекарите. Во таа смисла, воведовме одличен модел на балансирани мерки. Во однос на групирањето, и сега може да се групираат луѓето. Верските лидери зедоа обврска сè да се организира надвор. Сите со сопствената одговорност да покажеме дека може да се функционира.

Заменик-министерот за здравство, Илир Хасани, рече дека граѓаните не треба да го злоупотребат олабавувањето на мерките.

– Во пресрет на верските празници сакам да потенцирам дека ќе бидат во духот на почитување на овие мерки, бидејќи ослободувањето не е направено за да шетаме и да се собираме во групи, туку за да ни покаже дека сме слободни мерки. Да одржуваме дистанца и да ги почитуваме мерките – рече Хасани.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести